ВМРО-ДПМНЕ: Заев е прв мандатар кој потпишува гаранции за суверенитетот на земјата - ја следиме состојбата

ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, а обраќање имаше Никола Тодоров.

- Простестите покажаа дека сме решени да ја зачуваме Македонија, а голема улога имаше и Ѓорѓе Иванов. Сите сме свесни за постизборната измама, и за Тиранската платформа. Опасноста беше реална и народот остро реагираше. На сите сценарија реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, и иако победивме на изборите, понудивме да се отфрли платформата од страна на СДСМ, вели Тодоров.

Додава дека СДСМ ги погазиле и уставот и законите на Собранието. 

- Ако Заев порано ги дадеше гаранциите кои ги побара Иванов, ќе беа деблокирани процесите и ќе имаше и локални избори. Од денес натаму СДСМ и Зоран Заев ја имаат целата одговорност. Тој е првиот мандатар кој потпишува гаранции за суверенитетот на државата. Тие сепак не се потпишани првите луѓе на Албанците кои му дадоа поддршка, вели Тодоров.

- Заев безброј пати едно зборува, а друго прави и затоа ние будно ќе ја следиме работата за да не се нарушат гаранциите. На крај им честитаме на граѓаните кои се владетел во земјата. Знаеме дека гласаа за нашата програма и дека поддршката се зголемува, додава тој.

 

 

 

 

17.05.2017 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега