Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во пишана изјава го поздрави доделувањето на мандатот за формирање на,  како што истакнува, новата реформска влада во согласност со Уставот. 
 
- Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема, наведува Ахмети во изјавата.
 
Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство, потенцира Ахмети, ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор, како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отварањето нови работни места. 
 
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за формирање влада.
 
Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.
 

 

 

17.05.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа