Кошаркарите загубија од Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Литванија во пријателскиот меч на парктот во Борис Трајковски со резултат од 62:50.

Лошииот резултат се должи на слабиот шут од зад линијата 6,75. Иако тренерот Пипан во текот на целиот меч ги ротираше сите играчи Литваницте предноста ја направија во последната четвртина, по голем број промашени тројки на нашата репрезентација.

Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Стојановски и Предраг Самарџиски со по 11 поени, додека Лестер Бо Мекејлеб запиша еден помалку.

Најефикасен на мечот беше Клеиза со 14 погодоци.

17.08.2013 - 22:00
Фото: 
Курир