Села одлучи да учествуваат во новата Влада со две министерски места

Алијансата за Албанците ќе биде дел од новата влада со две министерски места и тоа за здравство и за локална самоуправа. Ова го соопшти доцна вечерва лидерот на Алијансата, Зијадин Села, кој истакна дека  ќе бидат за длабоки и вистински реформи за да се врати надежта во општеството.

-Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како АА имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА ни следува едно министерство и тоа ќе биде за здравство, со кое ќе раководи Арбен Таравари. Второто, за локална самоуправа ќе го добијат НДП, кои ќе треба да информираат за името, изјави Села доцна вечерва.

 

 

 

28.05.2017 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега