ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не смее да ги игнорира проблемите на земјоделците

СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми на земјоделците и мора да ги решава проблемите со кои се соочуваат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение.

- Земјоделците очекуваат новата Влада да ги решава нивните проблеми. СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее заради несериозниот пристап да страда основна гранка за егзистенција на многу семејства во државата. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а достигнуваше и до 50 денари за прва класа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се потсетува дека додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите.

- Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на владите на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме имале слух и сме ги решавале проблемите правовремено, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

15.06.2017 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега