ВМРО-ДПМНЕ: Студентите немаат никаква полза од тоа што СДС продолжува да се однесува како опозиција.

Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ:

Студентите немаат никаква полза од тоа што СДС продолжува да се однесува како опозиција. Тие ја имаат сега одговорноста и треба да работат, за да не се случуваат катастрофални состојби како што беше исклучувањето на струјата во студенствиот дом Гоце Делчев.

Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило Студентските домови или било која друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите. Ова што сега го направи министерката од СДС е од неодговорност и нејзина презафатеност со пиење кафиња на средби и посети.

Обврските се сервисираа, па така за неколку години се исплатени 66 милиони денари по основ заостанат долг. Дополнително во студенстките домови, кои СДС така брзо ги заборави, во време додека ВМРО ДПМНЕ ја водеше Владата, беа вложени повеќе од 8,3 милиони евра во изградба на целосно нови сместувачки капацитети и во реконструкција на дел од постојните, во набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Беа набавени и инсталирани нови лифтови во сите објекти, а исто така за прв пат се поставија перални и сушални кои се на располагање бесплатно.

СДС треба да прифати дека тие сега имаат одговорност да работат и да исполнуваат тоа што го ветуваа пред граѓаните. Залудни им се спиновите за да ја покријат скандалозната неодговорност, неспособност и безидејност.

 

Ако по утрото денот се познава новата влада на СДС не носи живот, туку носи мрак во Македонија.

 

 

 

16.06.2017 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа