Заев бара да се вратат во Собранието - пратениците на СДСМ не слушаат

Пратениците инсистираат на бојкот, Централата од нив бара да се вратат на работа.  За Дуализам во редовие на СДСМ јавува Утрински весник.
На крајот од летниот одмор, партиското раководство во кое има само неколку пратеници на СДСМ бара од пратеничката група да се врати во собраниските клупи и да ги промовира партиските политики, додека пратениците остануваат на ставот за бојкот, се до конечната разврска на случувањата од 24 декември.
Утрински објавува дека денеска се најавува координација на пратениците на опозицијата по која ќе се знае, како ќе продолжи да се однесува најгоелмата опозициска група во Собранието.
Откако европската тројка предводена од Штефан ФИле во март годинава ја врати опозицијата во Собранието, пратениците не доаѓаат на пленарните седници, а од време навреме се вклучуваат во работата на некоја од комисиите кога ќе проценат дека за тоа има потреба.
Првата пленарна седница на Собранието е закажана за во понеделник 26 август. Тоа е два дена по последнот рок за усогласување на извештајот на експертската Комисија за случувањата од 24 декември

20.08.2013 - 01:10

најчитано сега