БЕСА повторно му кажа „не“ на Ахмети

 
БЕСА утре нема да присуствува на состанокот инициран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи сметаат дека поканата е импровизирачка и нема суштинска тежина, јавува 24 Вести.
 
„Зошто доколку на ДУИ навистина се интересира за проблемите на Албанците, наместо средби за сликање по хотели, не се одржи состанок во Собранието коешто е место за дебата за овие проблеми?“ – прашуваат од БЕСА во изјава за телевизијата.
 
Од движењето на Билал Касами, потенцираат дека ако Ахмети е искрен во намерата најпрвин треба да го стави на увид и да одговори каков е договорот за владината коалиција со СДСМ.
 
Ахмети ги покани лидерите на парламентарните партии утре на состанок да разговарат за албанската платформа освен, Касами сите други се очекува да се појават. Касами ја одби поканата да биде дел од Владата во која е Ахмети а во неколку наврати избегнуваше средби со лидерот на ДУИ.
 

 

 

27.06.2017 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа