Почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.

- По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.

 

 

 

28.06.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега