Груевски и Заев и се приклучуваат на Комисијата за 24 декември?

Претседатлеот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе и се приклучат на Комисијата за 24 декември, јавуваат повеќе медиуми блиски до опозицијата. За оваа информација, не може да се обезбеди официјална потврда во ниту една од политчките партии. Плусинфо пишува дека постои можност наместо лидерите на средбите да се појават нивните најблиски соработнци. ВМРО-ДПМНЕ да го претставува Мартин Протоѓер а СДСМ Радмила Шеќеринска. 
Како што јавува порталот, се очекува на денешната седница да се појави и претседателот на Комисијата во оставка, Борче Давитковски.
Согласно вчерашниот договор од средбата Груевски - Заев, Комисијата треба да го подготви извештајот за случувањата во Собранието од 24 декември најдоцна до петок. Доколку во овој рок не се најде решение, тогаш, како што стоеше во вчерашното соопштение, ќе се смета дека Комисијата не може да си ја заврши работата.

20.08.2013 - 10:12