Одложено рочиштето за убиството на четиригодишниот Алмир во Куманово
На претходното рочиште исказ даде технички советник ангажиран од адвокатот на одбраната на обвинетиот,а на претходното, исказ даде вештак од Бирото за судски вештачења кој го презентираше сообраќајно-техничкиот извештај на барање на обвинителството. На претходните рочишта исказ во два наврати дадe невропсихијатар, како и психолог од Клиниката за психијатрија во Скопје. На првото рочиште беа сослушани Бобан Илиќ, неговиот брат, девојка му, како и мајката на четиригодишното дете. На едно од претходните рочишта беше разгледана и видео снимка од камерите на куќите лоцирани на улицата „Борис Кидрич“ во близина на Здравствениот дом. Осомничениот се товари дека на 25 јуни лани го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на здравствената установа во Куманово по банална расправија со таткото на Алмир за ред во здравствениот дом, по што по една недела, поради здобиените повреди, четиригодишното дете почина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа