ВМРО-ДПМНЕ: Патолошкото лажење на СДС нивен систем на однесување, со нарачаниот текст се нанесува штета врз угледот и честа на Мијалков

СДС денеска излезе со нарачан текст кој преставува монструозна и целосно неточна конструкција, преполна со невистини, болни лаги и манипулации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на текст објавен во „Слободен печат“, која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.

Патолошкото лажење на СДС станува нивен начин и систем на однесување. Зад ваквата нарачка стои нивната скриена желба што е и главна одлика за секое нивно владеење во државата, а тоа е враќање на рекетарството и уличниот криминал на голема врата.

Целта на овие измислици е нанесување на штета врз угледот и честа на Сашо Мијалков и политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен тоа што веста е неточна, таа е и тенденциозна,  особено што досега не бил побаран никаков став ниту мислење од страната на која се однесува текстот.

Ваквите монструозни конструкции во кој полно учество имаат и соросовите гласила, се само продолжување на политичката хајка која ја прави СДС.

Нивната цел е создавање на политичка штета, оцрнување и своевидно ставање на страната на криминалот, штитејќи нивни активисти како Даниел Трајковски кој е повеќекратен престапник на законот, човек кој има досие со десетици кривични дела за насилство, фалсификување, лажни изјави, тепачки, напад на службени лица, трговија со оружје.

Едно е јасно дека со СДС се враќа криминалното подземје, времето на рекетарите, насилниците и престапниците на законот.

 

 

 

29.06.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега