Груевски и Протоѓер, Заев и Шеќеринска - Комисијата за 24 декември денеска во проширен состав

Комисијата за 24 декември денеска ќе работи во проширен состав. Како што информираат од владејчката ВМРО-ДПМНЕ според договорот со опозицијата, покрај Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска од СДСМ, на денешната седница ќе присуствуваат и Премиерот Никола Груевски заедно со шефот на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер и лидерот на СДСМ, Зоран Заев со својата заменичка, Радмила Шеќеринска. 
Согласно вчерашниот договор, Комисијата има рок до петок да го усвоиконечниот извештај за случувањата во Собранието од 24 декември. Доколку не успее во тоа, тогаш ќе се смета дека нема услови да се затвори ова прашање. 
Експертската комисија за 24 декември е дел од обврските кои Македонија ги превзема пред Европската Унија со мартовскиот договор

20.08.2013 - 12:52

најчитано сега