Хојт Ји: Македонија и Грција да најдат решение

Заедничко прифатливо решение помеѓу Скопје и Атина ќе придонесе и за економски просперитет, за мирот и безбедноста во регионот, оценува помошнбикот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји за Катимерини. Ји вели дека Македонија мора и да ги убеди сојузниците во спроведувањето на заедничките станбдарди.

-НАТО и ЕУ многу често го реафирмираат ставот дека вратата за Македонија е отворена.. И НАТО ги почитува своите обврски. Но и покрај се, за да стане членка, Македонија ќе треба да ги убеди владите од НАТО и парламентите дека ги исполнува поставените стандарди. Тоа значи, имплементирање на неопходните демократски реформи, особено во владеењето на правото и целосно спроведување на договорот од Пржино. Се надеваме дека лидерите во Македонија и Грција ќе најдат заеднички прифатлив договор во разликите за името во интерес на евро атлантската интеграција,на економскиот просперитет, на мирот и безбедноста во регионот. “, вели Хојт Брајан Ји за Катимиерини.

Во текстот, обраќањето на Ји кон Македонија е под уставното име, постапка која Катимерини за своите читатели ја дообјаснува со став дека високиот претставник на САД го употребува името под кое САД ја имаат признато соседната земја.

Во текстот помошникот државен секретар го повторува ставот дека за САД границите на блаканот не се тема на несогласувања туку се веќе дефинирани, потврдувајки дека било каква промена може трајно да го дестабилизира регионот. 

 

 

 

05.07.2017 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега