Доаѓа нов топол бран но пред тоа невреме

 

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерен ветер претежно од северен правец, во источните делови повремено ветерот ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Во текот на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, ќе има и услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во сабота кон недела. Дневната температура во наредните денови ќе биде во покачување. 

 

 

 

06.07.2017 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега