ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е МАНУ да нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија

Скандалозно е МАНУ како највисока стручна и научна институција во државата да нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија, кој Зоран Заев го преговараше во Софија. Неприфатливо е МАНУ да молчи во однос на нетранспарентноста на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата критикува дека иако претседателот на МАНУ, Таки Фити, се сретнал со Заев, не побарал од него увид во договорот кој е од особено значење за државата.

„Директорот на бугарскиот национален историски музеј Божидар Димитров, рече дека МАНУ не смее да има став по однос на две точки од договорот, затоа што знаат дека Заев ќе ги избрка од работа. Таки Фити треба да го надмине стравот од Заев и да покаже минимум кредибилитет, бидејќи ја води институцијата со најголем научен потенцијал во Македонија.

Додека Заев ја држи македонската граѓанска и научна јавност во мрак не кажувајќи што договорил во Бугарија, одбивајќи да ги информира и пратениците во Собранието за содржината на договорот, бугарската влада уште на 5 јули договорот го доставила во тамошното Собрание, со цел пратениците да можат да дадат оценка по однос на истиот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

10.07.2017 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега