Мисајловски: Сите граѓани сакаат да слушнат каде ќе бидат тие 600 километри автопат кои СДСМ ги вети

Поранешниот министер за транспорт и врски и сегашен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска говореше панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ градеше автопати, а СДСМ ги стопира“, кажа и дека СДСМ пред изборите ветувале преголеми проекти во инфраструктурата, а веќе 40 дена не споменуваат ништо, само се жалат што не чинело.

-Сите граѓани сакаат да слушнат претпоставувам каде ќе бидат тие 600 километри автопат, од каде до каде, дали имаат финансии, дали од буџет. Да видиме, дали преку европски институции, дали кредити ќе земат, никој ништо не знае, само кажуваат 600 километри. Ние можевме лесно да излеземе да кажеме цела Македонија автопат ќе биде, но не е така, тоа е лажење, дрско и безобразно, кажа Мисајловски.

Тој напомена дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја правеле програма внимателно гледале од каде може да се буџетира. Тој ги повика СДСМ да дадат рокови до кога ќе бидат автопатиштата и каде ќе бидат, за ние како опозиција да бидеме критичари.

Мислајловски на прашање од гостин на панел дискусијата дали верува дека СДСМ може за 4 години мандат да изгради 600 километри автопати, кажа дека не е сигурен дека е можно 600 километри да се изградат за 4 години, посебно ако станува збор за СДСМ.

 

 

 

10.07.2017 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега