Укинат притворот за новинарот Зоран Божиновски

 

Кривичниот суд во Скопје денеска го укина притворот за новинарот Зоран Божиновски, информираат во денешното соопштение од Судот.

- Постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Божиновски беше во притвор речиси три години за случајот „Шпион“, а се товари дека ги сторил делата злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

 

 

 

14.07.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега