ВМРО-ДПМНЕ со сочувство за загинатите при обидот за државен удар во Турција

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение изразува сочувство за сите оние кои ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција.

- Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција, се наведува во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Република Турција и турскиот народ биле и остануваат докажан пријател на Република Македонија. - Меѓусебните односи секогаш биле проткаени со взаемна почит и пријателство и очекуваме врските со Република Турција да се продлабочуваат и во иднина, се додава во соопштението.

Демократските избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се единствениот начин на кој што една власт може да ја добие честа да ја управува државата.

- ВМРО ДПМНЕ е убедена дека Турција ќе ги надживее последиците од минатогодишниот обид за пуч и дека ваквите немили сцени и човечки загуби нема веќе никогаш да се повторат, се посочува во соопштението.

 

 

 

16.07.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега