Лепиткова: Претходната влада направи неколку обиди за да му помогне на Тетово за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалничката немаше слух за тоа

Во Република Македонија сведоци сме дека изминативе месеци случувањата со отпадите и горењата на депониите во Струга и Тетово станува секојдневие. Јас навистина како човек што работеше во Министерството за животна средина и претседател на комисијата за животна средина сметам дека ова прашање станува врвен приоритет и секоја Влада мора во програмите да ја го стави справувањето со еколошките проблеми бидејќи навистина граѓаните тоа го чувствуваат и реагираат, вели Соња Лепиткова на денешната Панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Локалната власт – еколошка катастрофа за Тетово“.

-Проблемот со отпадот во полошкиот регион години наназад претставува горливо прашање и можам да посочам дека како главни виновници за ваквата состојба со отпадот се градоначалниците и комуналните претпријатија кои што останаа глуви сиве овие години наназад и никако да најдеа начин да се справат со отпадот. Иако претходно ние како Влада направивме неколку физибилити студии и распишавме тендери, за жал градоначалничката на Тетово немаше слух за решавање на овој проблем, а исто така и директорот на јавното претпријатие, потенцираше Лепиткова.

Таа истакна и дека со не решавање на проблемот ќе се намали и бројот на туристи кои ќе ги посетуваат овие градови.

 

 

 

 

20.07.2017 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа