ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС

Како што минува времето, така на површина се повеќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО кое е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС со единствена цел да го оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од опозициската партија.

- Граѓаните го прочитаа СЈО. Веќе секому му е јасен начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди. СЈО е мрачна страница на македонското правосудство, а граѓаните гледаат дека е политички инструмент и се срамат од него, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава дадена пред СЈО.

Нагласи дека СЈО, со сите обвиненија што ги покрена и истраги што ги спроведе, докажа дека се работи за политички нарачки и конструкции кои немаат врска со Уставот и законот.

- Тие единствено имаат цел да го оцрнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференциите одржани од страна на СЈО беа идентични со партиските пресови на СДС. СЈО сега ги реализира нарачаните хајки против ВМРО-ДПМНЕ додворувајќи му се на Заев. Нивниот политички театар обезбедува материјал за медиумите под контрола на СДС за да креираат негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Костовски.

Таквата атмосфера, додаде, е неопходна додека „Заев ги распродава името на државата, името на јазикот, историјата и нацијата и е димна завеса која треба да ги дефокусира граѓаните од суштинските прашања“. 

 

 

 

21.07.2017 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега