Сообраќајна несреќа во Стајковци, двајца повредени
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која во неделата околу 23 часот и 30 минути се случила во скопско Стајковци, кога се судриле автомобил „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот М.С. од Скопје и мотор „сузуки“ кој го возел 24-годишниот И.С.
Со возило на итна медицинска помош мотоциклистот и 24-годишната сопатничка К.С. биле пренесени во Ургентниот центар каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
25.07.2017 - 10:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа