Починатите на Инфективно имале хеморагични трески - хантан која ја пренесуваат глодари

 Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс - Хантан вирус, изјави попладнево министерот за здравство Арбен Таравари. 

 - Во тек на вчерашниот ден, стручни екипи од Институт за јавно здравје и Центарот за јавно здравје тетово, излегоа на терен во село Симница, извршија комплетен епидемиолошки увид и анкета, извршена е дератизација и дезинсекција во домовите и другите придружни објекти на починатите, земени се мостри за анализа за водата за пиење, извршено здравствена едукација на населениото за симптомите на болеста и превенција од истата.

Во тек на денешниот ден, посочените стручни екипи заедно со Агенција за храна и ветерина, ги продлабочија надзорите на пошироката околина, влучително и бачилото каде што престојувале дел од засегнатите- пишува во соопштението

- Екипата на Министерството за здравство со претставници од Инфективна клиника, го посетија инфективното одделение при Општа болница Гостивар, при што обавија стручно методолошки консултации со медицинскиот персонал.
Штотуку ги добивме резултатите од анализите, за двајцата починати пациенти, при што со високо сензитивните техники е потврден етиолошкиот агенс-Хантан вирус, најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион.
Ве известуваме дека ова заболување не се пренесува од човек на човек. Министерството за здравство и понатаму ќе ја следи ситуацијата- соопштија оттаму

 

 

 

27.07.2017 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега