Црн ден на македонските патишта: Две млади момчиња заминаа во смрт

 

Две трагедии ја завија Македонија во црно, починаа две млади момчиња.

Во 04 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај месноста „Сушичко Стопанство“, се случила сообраќајна  незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.П. од селото Василево и трактор на кој се превезувале повеке лица меѓу кои и 23-годишниот Д.Р. од селото Вирче, делчевско, кој починал од здобиените повреди.

Исто така, за жал, околу 13 часот и 45 минути во Прилеп, на шумски пат на  местото „Присој“, Е.Б. од Прилеп, управувајќи теренско возило „ФАП“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на „Маркови кули“, се превртел. Во незгодата починал сопатникот. Се работи за 23-годишниот Д.М. од Битола.

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

 

 

 

28.07.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега