Автомобил излета од патот кај Кочани кон селото Крушка

 

Вчера во 17 часот 25 минути на локалниот пат село Крушка-Кочани, на еден километар под пристапниот пат за браната „Речани“, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Застава 750“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 75- годишен С.С од Кочани, излетало надвор од коловозот, по што се превртело.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој по укажаната помош во Јавна здравствена установа Кочани, бил пренесен и задржан на лекување во Клинички центар Штип.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.

 

 

 

29.07.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега