Стојаноски: СЈО безмилосно ги троши парите на граѓаните на манипулативни обвиненија и задоволување на непотистички страсти

СЈО со денови молчи за распишаниот оглас за нови 30 вработувања во оваа институција која е партиска испостава на СДС. СЈО со годишен буџет од 4 милиони евра, за кои нема прецизни информации колку и како се троши, ги вдомува исклучиво партиските експоненти на СДС, нивните деца или внуци или блиски роднини на самите обвинители во оваа месна организација на партијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со тие пари се покриваат вработувањата на Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДС, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДС, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДС или нивни деца. Впрочем изминатиот период јавноста  зборуваше дека во СЈО се вдомија и Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките во СЈО, а вработен е и Владимир Миладиновски, дел од нејзиното семејство. Вработување добија Љупчо Чучурски од Берово роднина на обвинителот Гаврил Бубевски, Борче Трајковски, познат како Боки Бургија близок до СДС, па дури и Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки, но што е поважно внук на шефицата на таа институција Катица Јанева, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е вистината, рече Стојаноски и додаде, дека парите безмилосно и неодговорно се трошат на манипулативни обвиненија и задоволување на непотистички страсти.

-Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО? Дали роднинските или партиските врски се основниот критериум или се мери нивната политичка активност изминатиот период? Очигледно СЈО планира со парите на граѓаните да вработува партиски или роднински подобни лица, па затоа нема да не зачуди ако во новиот оглас видиме некој шарен револуционер, твритер лик или партиски војник на СДС кои особено се покажале во деструкцијата и спроведувањето на партиската волја на Заев. Едно е сигурно и овие 30 лица како и претходните ќе имаат за задача да консктруираат обвиненија по диктат од Партијата. Овие 30 лица ќе работат на оцрнување на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ без никакви правни аргументи, со цел да ја дефокусираат јавноста од антидржавната и штетна политика на Зоран Заев.

 

 

 

 

30.07.2017 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега