Црн викенд во Македонија: Чешки државјанин пронајден мртов во Крушево
Вчера околу 13 часот 40 минути на местото викано „Две чешми“ во непосредна близина на Крушево, од страна на спасувачка екипа пронајден е починат 51- годишниот Ј.В од Република Чешка.
Околу 13.00 часот од Мечкин камен во Крушево полетал со параглајдер и додека управувал се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал на местото.
Ј.В. бил член на чешка аматерска асоцијација за летање.
Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Крушево.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа