Кошаркарите на Шпанија не прегазија со 22 разлика

Македонската кошаркарска ререзентација по втор пат, во два дена, е совадана од европскиот шампион Шпанија во контрлен натпревар одигран во Лешн.
 
Ако синоќа загуби со само пет поени разлика, вечерва Македонија беше декласирана и поразена со -20 поени разлика 77:55 по четвртини 22:19, 16:8, 24:17 и 15:11.
 
Иако во првиот период нашата селкција беше конкурентна, а истата ја заврши со само три поени негатива (22:19).
 
Во втората четвртина,  домаќините притиснаа посилно во одбраната, но и потпомогнати од домашните судиите кои во тој период наспроти шесте лични грешки на нашата репрезентација, на Шпанија не и досудија ниту една „црвената фурија„ на полувремето замина со предност од +11 (38:27)
 
Во второ полувреме, играта на нашите репрезентативци, особено во нападот не беше ни оддалеку налик на вчерашното. Пемногу бавно, без брз проток на топката, избаниците на Пипан не успеваа да најдат простор во цврстата и подвижна одбрана на Шпанија.
 
Колку за споредба колку шпанците играа брзо доволно говори и подтокот дека тие уфрлија 22 поени од контра напади, а нашите кошаркари само 2.
 
На кајот на третата и почетокот на четвртата четвртина шпанците направија серија од 25:8 за највисоки 24 разлика 72:44 во 36 минута.
 
До крајот се беше само рутина па европскиот првак забелеша победа од 77:55.
 
По овој двомеч со Шпанија, за македонската кошаракарска репрезентација до крајот на подготовките за ЕП во Словенја, преостануваат уште три натпревар. 
 
Во Улм, избраниците на Пипан ќе играат против домаќинот Германија, Грција и БиХ.
21.08.2013 - 22:59