Почина детето што падна од зграда во Штип

 

Дванаесет годишниот Никола од Штип, не успеа да излезе од кома по минатонеделниот пад од незаштитена тераса, во станот во кој неговото семејството живеело под ќирија пишува Канал 77

Во игра со далечинскиот управувач, одејќи назад, без да забележи, Никола несреќно паднал низ отворената врата на терасата без ограда од третиот кат на здрадата во населбата „8-ми Ноември“. Детето една недела се бореше за живот на Клиниките во Скопје.

Според информациите од таму, телото е предадено на обдукција, по што детето ќе биде погребано на гробиштата во Штип.

 

 

 

01.08.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега