Огромен пожар ги голта битолските села

Огнени пламени го голтаат битолско Лисолај, откако огнот кој пред три дена избувна кај Црнобуки се прошири и пеплоса над 100 хектари нискостеблеста шума, пишува Дневник.

Според информациите од битолската Противпожарна единица, постои ризик пожарот да се прошири во селото, па затоа на терен со пламенот се борат 50 пожарникари, лица вработени од шумското претпијатие и други доброволци. Пожарот донел голема паника кај 150-те житело на Лисолај.

- Ова е најголемиот пожар во Битолскиот регион за ова лето. Има критично место па бараме да се вклучат и ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување со цел огнот да се изгасне што побрзо. Досега изгоре голема површина народски кажано колку четири рида, но нискостеблеста шума, вели командирот на битолската противпожарна единица, Костадин Поповски. 

 

22.08.2013 - 11:37

најчитано сега