Лилјана Спасовска вршител на функцијата јавен обвинител по разрешувањето на Зврлевски

Според годишниот распоред, обвинителката Лилјана Спасовска ќе биде вршител на функцијата јавен обвинител. Како што соопштија од Јавното обвинителство за Телевизија 24, Спасовска е ставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавен обвинител.

Претходно Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители, информираше дека до именувањето на вршител на функцијата, што советот ќе го направи идната недела, разрешениот Марко Зврлевски ќе го заменува обвинителот кој е назначен како негова замена во распоредот.

Претходно како привремен заменик на Зврлевски се споменуваше обвинителот Џелал Бајрами. Идната недела Советот ќе закаже седница на која официјално ќе го именува вршителот на функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Според Аневски, најверојатно прво ќе треба да завршат локалните избори, па потоа да започне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Огласот го распишува владата, а Собранието го избира на предлог на владата.

Спасовска беше обвинителка на јавната расправа за случајот „Монструм“ што се одржа по жалбите на обвинетите во овој случај, осудени на доживотен затвор.

 

 

 

18.08.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега