Пожар во стамбена зграда во Скопје- три лица повредени

Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје кој изгорел целосно, а се проширил и во два соседни стана.

Според Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал ноќеска, околу еден час по полноќ,  во стан во зграда на улица „Сава Ковачевиќ“ сопственост на73- годишната М.С, која била сама. Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на 36- годишниот В.М и станот сопственост на 40 годишниот Б.А.

Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) - станари во истата зграда, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Градската Болница  „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

 

 

 

20.08.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега