Велешанка изчезната веќе неколку дена- била на гости во Скопје а потоа и се губи трага

Вчера во 18 часот и 45 минути  во полициската станица во  Велес, 36- годишниот Е.Џ од Велес пријавил дека неговата невенчана сопруга 39- годишната Џ.Е исчезнала на 13.08.2017 година.

Тој и неговата сопруга, на 13.08.2017 година отишле во Скопје на лекарски преглед. По прегледот Џ.Е. останала кај нејзиниот брат во населба Злокуќани во Скопје, а Е.Џ. се вратил во Велес.

Истиот ден, околу 17.30 часот, Џ.Е. му кажала дека ќе се врати во Велес, но до моментот на пријавување не дошла дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

 

 

20.08.2017 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега