Почина патник од автобусот кој се преврте кај Велес

Еден патник од страшната несреќа во Велес го загуби животот, а повредени се уште 28 лица, од кои еден е пренесен на Интензивна нега, но е во стабилна состојба.

Ова се последните информации за страшната несреќа кај Велес, кога автобус кој се враќал од Грција, излета од патот, кои ги објави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Министерот упати сочувство до семејството на починатиот.

За потсетување, автобусот со грчка регистарска таблица кој попладнево се враќал со туристи од Пефкохори, Грција се излизга кај месноста Велешко брдо.

 

 

 

 

20.08.2017 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега