Протест пред МЗ: Револтирани граѓани бараат оставка од Таравари и Јовановска по случајот со починатите бебиња
Група револтирани и разочарани граѓани денеска пред Министерството за здравство протестираа и побараа одговорност и оставка од министерот Арбен Таравари и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.
-Ветуваа многу, а што добивме? Три мали животчиња да одат? Луѓе тоа никаде го нема во светот. На крајот кажува дека ќе викнеле комисија. Каква комисија?, прашуваат Лидија Стаменкова и бара од Таравари и Јовановски веднаш да си поднесат оставка.
Вели дека за сите три бебиња да починат нешто морало да затаи, а ако затаило, тогаш мора да се најде кој е одговорен, а не, како што рекоа, да ја шуткаат топката натаму-наваму.
Порачува дека министерот треба да рече „не сум способен, станувам и си одам“, а со него да си оди и директорката на ГАК.
-Луѓе, доста ни се прикаски. Нека станат и нека се фатат за работа, а ќе се работи со добри кадри. Имаме ние добри кадри, не се сите кадри шупливи. Нека се најдат способни кадри, рече Стаменкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа