Пратениците од утре се враќаат на работа

Пратениците од утре почнуваат со работа по годишниот одмор што го користеа од 18 месецов. За утре е закажана седница на Комисијата за  надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

На дневен ред се извештаи за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање.

Пленарна седница е закажана за 4-ти  следниот месец, а на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.

По разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, Владата на 22 месецов донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето Јавен обвинител на Република Македонија.

Постапката се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство.

 

 

 

29.08.2017 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега