Србија очекува Заев да го одржи зборот и да остане неутрален за Косово во УНЕСКО

Очекувам Зоран Заев да си го одржи зборот дека ќе гласа воздражно кога и да биде отворено прашањето за членство на Косово во УНЕСКО. Ова го порача српската премиерка Ана Брнабиќ во последното интервју дадно со РТС непосредно по неформална средба на шесторката од Западен Блакан во Драч. Таа вели дека на средбата со Заев во Драч и било важно од македонскиот премиер да добие разбирање дека гласањето на Македонија за членство во Косово ќе има последици на меѓусебните односи на Белград и Скопје.

„Мене ми беше важно да има разбирање дека евентуалното гласање на Македонија во еден момент за членство на Косово во УНЕСКО е против интересите на Србија и тоа да го кажеме јасно и гласно и дека тоа нема да биде во интерес на нашата идна соработка и мислам дека околу тоа се разбравме.“ - реча Брнабиќ

Претходно, Заев во Драч изјави дека на дипломатската криза меѓу Македонија и Србија е ставен крај. Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО изјави дека  апликацијата на Приштина не е ставена на дневен ред оваа година, и дека не знае дали ќе биде така и наредната.

Дипломатскиот одговор на Заев го коментираше и српската премиерка.

„Видов што рече Заев. Рече дека веројатно оваа година тоа нема да биде воопшто тема. Дека ќе видиме за следната година. Јас воопшто не би навлегувала во шпекулации дали оваа година ќе биде тоа тема или нема да биде тема. Важно е ако биде тема сите да се држиме до нашите договори. Како оваа година така и следната година. Во секој случај мислам дека ќе продолжиме со тој дијалог. Јас верувам во своите регионални партнери така што очекувам да го одржиме зборот.“

Таа пак, во интервју за албанските медиуми изјави дека Србија никогаш не би го признала Косово.

„И Македонија и секоја друга земја треба да знаат дека прашањето за влегувањето на Косово во УНЕСКО и Интерпол е од големо значење за нас и дека сметаме дека Косово не треба и не може да биде дел од овие организации“, рече Вулин.

Тој  додаде дека сите земји кои го знаат тоа, знаат и дека межусебните односи „во голема мера ќе се темелат на тоа.

Македонија и Србија минатата недела нагло ги заострија односите по ненадејното повлекување на целиот персонал од српската амбсада во Скопје. Официјален Белград еден ден потоа ја обвини македонската влада за силни офанзивни разузнавачки дејства против властите во Србија и персоналот на амбасадата. Србија коментираше дека Македонија нагло го променила својот став и од најавеното воздражно гласање во УНЕСКО за членство на Косово сега сакала да гласа „за“.  Владата на Заев ги отфрли ваквите обвинувања испраќајки пораки за добрососедство. Тензиите се смирија по телефонските разговори меѓу Заев и спрпскиот претседател Вучиќ.

Персоналот во амбасадата е вратен, а се очекува во четврток да се врати и амбасадорката Томиќ.

 

 

 

29.08.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега