ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да го сокрие фактот дека со ребалансот на буџетот им удри шамар на студентите

Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 300 милиони евра. Никој освен естрадните менаџери, бизнисмените и мешетарите околу Заев не виде ништо од тие пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа ниедно партиско соопштение на СДС нема да го сокрие фактот дека со ребалансот на буџетот им удри шамар на студентите. Владата на СДС се дрзна да скрати над 155 милиони денари планирани за студентските домови. Владата на СДС за 3 месеци успеа да се задолжи за енормни 145 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра, тоа е над 300 милиони евра за кои никој не знае кај завршиле, стои во реакцијата.

Можеби е време, се додава, СДС да излезе и да одговори на граѓаните каде испарија народните пари.

-Со нивното заминување ќе се врати правдата и правната држава и ќе одговараат за секое незаконско дело што го имаат сторено.

 

 

 

30.08.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега