Костовски: СДС го реализираат ветувањето за партиска чистка со бркање од работа од чистачка до директор

Владата на СДС на чело со Зоран Заев и Генералниот секретар Рашковски од ден на ден, заглавува во криминал. Граѓаните секојдневно гледаат како пред нивни очи  во изминатиот период, спротивно на закон и сите правни процедури  се поставуваат партиски послушници, платени шарени револуционери и некомпетентни кадри, а се разрешуваат и отпуштаат од работа докажани професионалци во институциите, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото политичко насилие кое го прави владата на СДС врз вработените, доведе до тотална блокада и парализа на институциите. Потврда за незаконските дејствија на СДС и Рашковски, кои во изминатиот период ги посочуваше ВМРО-ДПМНЕ, дојде и од Комисијата за спречување на корупција. Неспособната влада на СДС и Рашковски, вo немоќ да реализираат  проекти со кои ќе го подобри стандардот на граѓаните, исфрустрирани од неспособноста да донесат ниту една странска инвестиција, измислуваат  случаи, со кои сакаат да ги дефокусираат граѓаните од катастрофалната економска  политика која ја спроведуваат. Рашковски и Зоран Заев сакат да остават шестотини луѓе на улица ,најголем дел припадници од етничките заедници. Ова е директна дискриминација на  бошњачката, ромската и влашката заедница. Единствена грешка на овие вработени е тоа што немаат партиска книшка на СДС. Рашковски и СДС прават невиден мобинг и политичка дискриминација врз вработените, само затоа што не се нивни политички истомисленици. Неспособната влада Заев и Рашковски, со ваквото незаконско и насилничко однесување, сакаат да створат услови за отпуштање само за да направат простор за вработување на партиски послушници и лица од таканаречениот невладин сектор. Во тек е реализација на предизборното ветување на СДС и Заев, партиска чистка со бркање од работа од чистачка до директор, истакна Дарко Костовски.

Тој рече дека  за да се реализираат ваквите незаконски дејствија Драги Рашковски го ангажираше својот кум Дејан Костиќ како правен застапник на Генералниот секретаријат на владата.

-Граѓаните се уште не добија одговор во каква постапка е и под кои услови е избрана, адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ? Јавноста треба да знае колку пари легнале на контото на кумот на Рашковски? Граѓаните треба да знаат зошто се ангажира адвокатска канцеларија која чини пари и тоа народни пари, кога Генералниот секретаријат на владата има сопствена правна служба?  Административните работници се исплашени за нивните работни места и нивната лична егзистенција.  Потврда на ставот дека Рашковски и СДС владеат незаконски и со политичко насилие, е ставот на Комисијата за спречување на корупцијата каде против Генералниот Секретаријат и Драги Рашковски е поведена постапка за одговорност. Причина за поведување на оваа постапка против Рашковски е поведувањето на дисциплински постапки, суспендирања и откази доделени по распишувањето на локалните избори, со што грубо е прекршен членот 8-а Изборниот Законик. Според комисијата голем дел вработени во владата, но и во други институции поднеле приговор до комисијата каде е  наведено дека  Генералниот секретар Драги Рашковски испраќал селективни предлози, со кои се бара мерка престанок на работен на однос на неколку определени државни службеници вработени во владата.  Рашковски и Заев осилени од политичката и институционална моќ која моментално ја имаат, решија да си играат со судбините на вработените и судбините на нивните семејства. Мислат дека вечно ќе владееат и дека можат да прават што сакаат, без притоа да  сносат никаква одговорност. На ароганцијата и политичкото самоволие на Рашковски и Заев ќе и дојде крај и никој нема да биде над законите. Ваквиот начин на владеење на СДС, со политички прогони и хајки на  неистомисленици, со бркање од работа на административни службеници заради  исполнување  партиски агенди, ќе им се удри од глава.  СДС и Рашковски треба да знаат дека секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и сакционирано. За ваквиот начин на работење ќе има индивидулна и поединечна одоворност за секој оној кој се огрешил пред законот. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил, истакна Костовски.

 

 

 

31.08.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа