Данев: Откако СДСМ е на власт нема нови инвестиции и ја задолжија државата

 

Од аспект на пратеник во Собранието на Република Македонија можам да кажам дека има една сериозна некоректност на ставовите на СДСМ што се однесуваат во делот на економијата и на задолжувањето, изјави на денешната панел дискусија Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Реториката предизборна на СДСМ беше дека претходната Влада се задолжува и се задолжува и затоа може да се градат патишта, училишта нови и нови здравствени домови, а сега гледаме една спротивна работа кога тие се на власт, не само што се задолжуваат, но нема нови инвестиции, нови почетоци на градење на автопати, дури во делот на образованието намалија дури 21 милион евра за структурни проекти во образованието. Сигурно дека владите на ВМРО-ДПМНЕ се задолжувале во просек онолку колку тоа го правеле западно европските држави или регионалните држави, а од сето тоа бенефит имале граѓаните, потенцираше Данев.

Тој истакна дека во минатото се граделе патишта, се граделе училишта и над 400 училишта биле реновирани, а имаме и  над 70 темелно нови училишта направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и над 150 илјади евра во ова време се потрошени во набавка за нова медицинска опрема.

-Владите на ВМРО-ДПМНЕ правеа апсолутно се со сите можни субвенционирана невработеноста да се намали бидејќи невработеноста е еден од најгорливите проблеми во економијата на Република Македонија, но и на секое семејство. Во овој дел државата се задолжи само за три месеци околу пола милијарда евра, но најтрагично е тоа што парите ги нема и граѓаните не го чувствуваат тоа, вели Данев.

Тој рече и дека инвестициите апсолутно ги нема, а тие се двигател на секоја економија, Данев потенцираше и дека тие инвестиции не само што ги нема, туку и нема најава за нив дека би ги имало во иднина.

 

 

 

 

01.09.2017 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега