Нови детали за сообраќајката во Скопје - повредениот почина во болница

 

Во 14 часот и 30 минути на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и регионалниот пат за ХЕЦ-„Козјак“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу теренско возило „ФАП 1620“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот И.И.  од селото Чифлик, скопско и велосипед марка „Вентура Онеил“, управуван од 30-годишниот Н.П. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде во 16.05 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

05.09.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега