Јане е единственото прваче во селото Жилче - малиот јунак сака да учи

 

Во тетовското село Жилче, во Основното училиште „Шемшово“, годинава првпат има само едно прваче - Јане Тодоровски, кој со само пет години, дотеран за на училиште, седнал во училишните клупи. Како што пренесува Факултети.мк, тој ќе биде единствениот ученик, претседател, благајник и испрашуван на часот, и на него ќе му биде посветено целото внимание. Мајката и таткото долго се мислеле дали да го запишат во ова училиште, каде ќе биде сам, но не сакале да треба да пешачи многу па одлуката паднала за тоа школо.

- Многу сакам да одам во училиште. Да научам да читам и да пишувам, изјавил тој за Факултети.мк.

Јане бил многу радосен што ќе учи, а многу се израдувал и на тетратките и моливите.

- Иако е единствено прваче, тој никогаш нема да се чувствува осамено, отфрлено. Бидејќи тука имаме комбинирана настава, во истата училница ќе учат и седум деца од четврто одделение. Ова е мало место, сите се знаеме, ги познава сите деца и тоа е голема предност. Недостаток е што нема да има со кого да се натпреварува. Според програмата „Кембриџ“, наставниот материјал се изучува низ игра, а за секоја се потребни барем двајца. На Јане јас ќе му бидам и наставник и соученик. Но ќе му помагаат и учениците од четврто одделение – вели наставничката Јовановска за Факултети.

Нека му е со среќа во учебната година на малиот Јане.

 

 

 

06.09.2017 - 18:08
Фото: 
ФАКУЛТЕТИ.МК

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега