И општина Гевгелија донесе одлука за распишување референдум за или против населување мигранти
Гевгелиските советници денеска на вонредна седница со 11 гласови „за“ и четири „воздржани“ ја изгласаа одлуката за распишување референдум за населување на мигранти на територијата на општина Гевгелија.Одлуката што беше предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше подржана од 11-те советници на оваа партија, а четворица советници на СДСМ гласаа воздржано. Останатите четворица советници ја напуштија седницата.
Референдумското прашање по кое ќе се изјаснуваат гевгеличани ќе гласи „Дали сте за или против населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Гевгелија“ и по него ќе се гласа на 15-ти октомври односно заедно со одржувањето на локалните избори, информира Љубчо Алексовски од општинската служба за односи со јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа