Гочевски: СДС манипулира со пензионерите

СДС ги потценува и манипулира пензионерите. Ветуваа покачени пензии, а добија укинување на покачувањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во време на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите добиваа по 670 денари покачени пензии месечно, односно годишно тоа е над 8.000 денари плус. Денес со исплатата на последната пензија нема покачување. Напротив тие направија само законско усогласување што е и обврска со закон со што добија наместо 670, 180 денари, во просек. Ова е манипулација со пензионерите, истакна Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека СДСМ ги оштети македонските пензионери за 8.000 денари покачување кое ќе го добиваа со владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова ли го заслужија пензионерите? СДС освен што крати од пензиите, во само три месеци колку се на власт ја задолжија државата за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 177 милиони евра, што вкупно е над 340 милиони евра граѓански пари кои што треба да ги вратат нивните деца и внуци. СДС потроши над 46 милиони евра народни пари на стоки и услуги што предвидуваат набавка на мебел и луксузирање како и склучување на договори со партиските послушници, посочи Гочевски.

Додаде дека Владата покажува неспособност која ќе биде казнета од граѓаните.

 

 

 

09.09.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега