Пожар беснееше кај пазарот во Маџари

Во 02 часот по полноќ во Скопје на улицата "Маџари“ во земјоделска аптека која била во состав на пазарот од засега непознати причини избувнал пожар, при што бил изгорен кровот и помошниот магацин, а од оганот бил зафатен и дел од соседната земјоделска аптека каде што изгорел помошен магацин.

Пожарот бил локализиран во 02 часот и 45 минути од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

 

 

 

17.09.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега