Карапетрова: Владата на СДСМ во овие 100 дена тотално хаотично ја задолжува државата

Ова хаотично задолжување што го прави Владата на СДМ во бројки изнесува 92 милиони евра задолжување на Македонија и тоа во период од само 100 дена и тоа е едно неумесно и невкусно задолжување кое што на долг рок ќе донесе многу непријатности како држава, истакна на денешната трибина со Комисија за Финансии и монетарни прашања Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние треба да се задолжуваме конкретно и за капитални инвестиции, а оваа Влада буквално не знаеме за што ги троши овие милиони. Во минатото се гледаше трошењето на овие пари бидејќи јас како пратеник конкретно имам гласано за закони за автопатишта со строго наменски задолжувања и за разлика од тогаш ова задолжување денес е тотално хаотично и без никаква намена и пополнување на некоја нивна буџетска дупка која што не води со никаков плод и никакви конкретни проекти ниту пак дела, истакна Карапетрова.

Таа вели дека овие 100 дена не може да видиме што има направено СДСМ, тие немаат реновирано ниту едно училиште ниту пак градинка.

-Имаме програма од минатата влада и тие капитални проекти мора да продолжат, но за жал оваа влада го стопира сето тоа и во интерес на граѓаните треба да продолжат проектите и да продолжи задолжувањето, но само она наменско, порача Карапетрова.

 

 

 

18.09.2017 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега