Вељаноски: Секогаш кога СДСМ е на власт се прават крупни стратешки грешки на штета на Македонците и на македонската држава

Политичар кој долго време е во политиката треба да внимава кога разговара за стратешки работи. Радмила Шеќеринска во 2011 година јасно кажа дека е против Рамковниот договор и одредбите од истиот и тој може да направи голема штета во иднина, а сега го потпишува Законот за јазици и го доставува тука како вицепремиер во владата, па го става и знаменцето, вели пратеникто Трајко Вељаноски.

-Секогаш кога СДСМ е на власт се прават крупни стратешки грешки на штета на Македонците и на македонската држава. ’94 година приватизација, 200.000 стечајци. 2002 година територијалната поделба, стратешка грешка за Македонија и македонскиот народ. После 10 години ги донесоа на власт и сега треба за кратко време крупни прашања да решаваат на регионално ниво, договорот со Бугарија, јазикот противуставен и надвор од Рамковниот договор и до нова година ќе ни го сменат името и идентитетот. Така знае да владее СДСМ, вели Вељаноски.

 

 

 

20.09.2017 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега