Хорор во кумановско: Киднапирано малолетно девојче од училишниот двор

Вчера околу 15 часот, кумановецот А.А. од село Липково во Секторот за внатрешни работи во Куманово пријавил дека неговата малолетна ќерка која е ученик во Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, била грабната на 21.09.2017 година, соопштуваат од МВР.

Имено, околу 10 часот на  големиот одмор оштетената заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле оштетената за раце и ја внеле на задното седиште од возилото. Непознатото лице ја удрило во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време оштетената се освестила на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото заминале во непознат правец.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаѓање на лицата и расчистување на случајот.

 

 

 

23.09.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега