Камен - темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“ во Бунарџик

 

Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска  во ТИРЗ Бунарџик ќе постави камен-темелник за изградба на нова фабрика.

Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.  

На поставувањето на камен-темелникот најавено се обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Чагатај Кабло“ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди (греење, вентилација и климатизација), машини за чистачи, специјални аеродромски возила.

 

 

 

27.09.2017 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега