Скопјанец заработи кривична за криумчарење на мигранти и оружје без дозвола

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето 33- годишниот Х.С од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 10.07.2017 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше криминалистичка истрага за организирана група која е дел од меѓународна криминална мрежа за криумчарење мигранти.

Притоа, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше поднесена кривична пријава против 23 лица, а во оваа пријава бил и Х.С.

При реализација на истрагата, по претходно издадена наредба за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка при Основен Суд  Скопје 1-Скопје, извршен бил претрес во домот на Х.С. Покрај останатите предмети, во неговиот дом бил пронајден и пиштол со една рамка за куршуми со четири куршуми.

По извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за пиштол марка „Црвена застава М57“ калибар 7,62 мм., кој пријавениот го поседувал беа дозвола.

На пријавениот му била одредена мерка куќен притвор во траење од 30 денови.

 

 

 

 

27.09.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега